На лондонски аеродром запленети повеќе од 100 килограми злато вредно 4,5 милиони евра
Припадници на британската Национална агенција за криминал заплениле повеќе од 100 килограми злато на лондонскиот аеродром Хитроу.
Локалните медиуми јавија дека златото, за кое постои сомнеж дека е поврзано со јужноамериканските наркокартели, било тешко околу 104 килограми, патувало во Швајцарија од Кајманските острови, а неговата вредност изнесувала околу 4,5 милиони евра.
Златото прво со приватен авион било пренесено на Кајманските острови од Венецуела. Локалните власти се обидуваат да утврдат од каде точно потекнува. Голем дел од скапоцениот метал бил запленет во прачки и ситни парчиња, а шест парчиња биле во облик на срце.
– Веруваме дека пратката е поврзана со наркокателите во Јужна Америка. Во соработка со партнерите во странство и во Велика Британија брзо успеавме да го запреме понатамошното движење на златото, изјави Стив Мекентајр од аеродромот Хитроу.
Тој нагласи дека деловниот модел на многу организирани криминални банди се потпира на способноста парите и вредната стока да се префрлуваат преку граници за да се финансира понатаможно вложување во криминални активности.
– Одземањето големи количини пари или злато, криминалните банди ги погодува таму каде што најмногу ги боли – по џебот. Ова е значајна заплена и покажува колку граничните служби ефикасно соработуваат со партнерите за спроведување на законите, како во земјата така и во странство, во борбата против организираниот криминал, додаде Мекентајр.
Ново на Сител
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други
-
Приведени четири лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Зголемена фреквенцијата на возила на граничните премини Табановце и Пелинце