На Клиниката за гинекологија во Скопје се породила родилка позитивна на коронавирус
Пред два дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирус. Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација. И мајката и детето се во добра здравствена состојба и се испишани од болницата. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати.
-На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за Ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус. Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за Ковид-19. Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од Ковид – 19, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Пациентката и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката била без симптоми за Ковид-19. По денешниот позитивен резултата на родилката, земен e брис и од бебето.Од Клиниката соопштуваат дека и мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани од ЈЗУ У ГАК-Скопје и се во својот дом.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција