-->
-->
На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани
-->
Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
-Во Универзитетскиот клинички центар Ниш, од Северна Македонија во доцните попладневни часови е донесена 45-годишна пациентка со изгореници што зафатиле приближно 25 проценти од нејзината телесна површина и знаци на изгореници на дишните патишта. По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап. Пациентката е хоспитализирана на одделот за интензивна нега, соопшти УКЦ во Ниш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје