На Караџиќ му е одбиено барањето да поднесе жалба за должината на казната
Механизмот за меѓународни кривични трибунали го одби барањето на Радован Караџиќ да му биде овозможено да понесе жалба на должината на доживотната казна затвор, а која Механизмот му ја одреди минатиот месец поради геноцид и други злосторства извршени во БиХ.
– Не постои правна основа во Статутот или правилата на Механизмот врз основа на кои Караџиќ може да се жали на правосилната пресуда или на дел од неа, се наведува во одлуката, потпишан од страна на претседателот на Механизмот Кармел Агиус.
Кон крајот на март, Караџиќ поднесе поднесок во кој наведе дека смета оти Механизмот направил грешка кога му одредил доживотна казна затвор затоа што не водел сметка за „практиките на судовите во поранешна Југославија“ и со тоа му ги прекршил човековите права.
Караџиќ, исто така, наведе дека Советот на Механизмот не дал образложение за неговата одлука да ја зголеми казната од 40 години на доживотна.
Караџиќ (73) на 20 март беше правосилно осуден за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој е прогласен за одговорен за масакрот на над 8.000 Бошњаци во Сребреница, за злосторства против човештвото, убиства и тортура, како и за кршење на воениот закон при опсадата на Сараево.
За време на војната БиХ беа убиени околу 100.000 луѓе.
Ново на Сител
-
Во Украина рации против шверцерите со оружје и муниција
-
Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
-
Продолжува растот на заболени од грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Кратово
-
Снегот добредојден за земјоделството
-
Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри
-
Почина академскиот сликар Коле Манев
-
Тошковски и Памер разговарале за борбата со криумчарење луѓе, илегална миграција, тероризам и сајбер криминал
-
Во Бангкок затворени приближно 200 училишта поради загадениот воздух