На Јана и е натешко: Бабо немој да трчаш по насипот да не те украдат како мама!

Состојбата во семејната куќа на убиената пејачка Јелена Марјановиќ и натаму е страотна. Нејзината петгодишна ќерка Јана се уште не ја знае суровата вистина, меѓутоа иако уште не и рекле што навистина се случило, детето претчуствува дека нешто страшно и се случило на нејзината мајка која не ја видела од 2. април.
-Јана е добро воспитано девојче, но и многу интелегентно. Немојте да мислите дека не сфаќа дека нешто и се случило на нејзината мајка, зошто таа никогаш не поминал повеќе од неколку часа без неа. На почетокот им зборуваше на децата: „Блазе си ви, вие имате мајка, јас немам“. Подоцна секојдневно по неколку пати барала да и објаснат каде е нејзината мајка и зошто толку долго ја нема да се врати дома, раскажува за „Стар“ извор близок до семејството на пејачката.

Меѓутоа сите ги шокирала кога на нејзината баба Зорица, мајката на Јелена, пред неколку дена и рекла: „Бабо ти си дебела, мораш да трчаш да ослабеш, но немој да одиш на насипот, ќе те украдат како мојата мајка. Има едно друго патче каде треба да трчаш, јас ќе ти покажам, и рекла Јана.
-Тоа Зорица а и сите останати што биле во куќата во тој момент ги оставило без текст. Детето слуша, нешто начуло иако сите околу неа се трудат да не споменуваат ништо во врска со убиството, тоа се впива. Секој пат кога некој ќе чукне на врата, таа очекува дека тоа е мајка и, вели извор за „Стар“.
Ново на Сител
-

Макрон ги критикува потезите на Трамп: Не смее да има никакви отстапки пред руските закани
-

Мерц: Русија сериозно ќе преговара за мир само под притисок
-

Зеленски: По нападите врз центрите за податоци на „Јандекс“, има помалку ботови и омраза на социјалните мрежи
-

Хрватска набавува јужнокорејски ракети со дострел до 500 километри, потврди Пленковиќ
-

МП за случајот со Михајлова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман
-

Ивановиќ: Црна Гора денеска ќе затвори три преговарачки поглавја со ЕУ
-

Ѓорѓиевски: Во Скопје в среда продолжува најголемата еко-акција досега
-

ЈОРСМ: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство
