Свет
13. January 2017 - 20:53

На Иран му е одобрен увоз на 130 тони ураниум

Светските сили му одобрија на Иран увоз на дополнителни 130 тони ураниум, јави денеска иранската „Прес“ телевизија. 

- Заедничката група за следење н нуклераниот договор во средата му одобри на Техеран купување на дополнителни 130 тони ураниум на состанокот во Виена, истакна портпаролот на Меѓународната организација за атомска енергија Бехруз Камалванди. 

Според Камалванди, Иран претходно купил 220 тони ураниум и сега има вкупно 350 тони од тој материјал. 

Според нуклеарниот договор, на Иран му е забрането да изработува производи збогатени со ураниум, а во замена му се укинати дел од економските санкции. 

На Иран му е дозволено да извршува нуклеарни истражувања за мировни цели.