На Интернет се продаваат гласови за изборите во БиХ
Меѓу многубројните огласи на сајтовите за купување и продажба во Босна и Херцеговина се наоѓаат и оние за тргување со гласови за претстојните локални избори.
Личност, чиј идентитет е познат на редакцијата на Ал Џезира, својот глас го продава за 25 евра, а доколку гласа цело семејство, вели тој, цената може да биде и пониска.
Според неговите зборови, во понудата станува збор за најмалку осум гласа, а во случај сите осум да се продадат во пакет, цената е пониска, 20 евра за глас.
Инаку цените на гласовите се различни и се движат меѓу пет и 100 евра.
- Немам причина да не гласам, јас сум неопределен политички, мене ми е се исто. И зошто да не гласам ако некој ми даде нешто за возврат?, порача соговорникот на Ал Џезира, кој продава гласови по пат на интернет огласи.
Тој вели дека нема идеја како да докаже дека неговиот глас го дал на оној кој за тоа платил, но објаснува дека се отворени сите опции.
Во коалицијата „Под лупа“ ги бележат таквите неправилности во предизборниот процес. Тие апелираа до Централната изборна комисија (ЦИК) и истражните органи да го санкционираат стореното, но не се случи ништо.
Вехид Шехиќ од Коалицијата оцени дека станува збор за неодговорност, како што истакна, асолутно на сите, па и на граѓаните.
- Не го пријавуваме и она што го гледаме, а претставува сомнение за кривично дело. Институциите не ја работат својата работа. Многу институции чекаат да им се донесе се здраво за готово, како што народски се вели. И кога живеете во такво неодговорно општество, тогаш е тешко да се очекуваат промени, наведе Шехиќ.
Од босанската ЦИК велат дека во овој момент не можат да дадат никакви изјави и дека приговорите ќе се разглдаат на седница.
Извештајот од коалицијата „Под лупа“, го добиле, но повеќето приговори се неосновани, бидејќи не содржат докази, пренесува Ал Џезира. Доколку ги најдат, ќе се покрене постапка или ќе се пријави кај истражните органи,
Од друга страна, од почетокот на кампањата за изборите во октомври, обвинителството на Босна и Херцеговина не прими ниту една пријава за неправилности.
Во 2010 година, обвинителството на БиХ ја истражуваше продажбата на гасови.
На списокот на осомничени имаше неколку десетици лица, меѓу нив и највисоките членови и симпатизери на „Народна партија со труд за напредок“, кои се осомничени дека за гласови за оваа партија плаќале по 50 евра.
Утврдено е дека еден дел од парите се добива веднаш, другиот дополнително, од федералниот буџет наменет за земјоделство. Така, потсетува Ал Џезира, Ненад Комшиќ од Кисељак доби надомест за развој на пчеларство, иако никогаш не се занимавал со одгледување на пчели.
Поради купување на гласови и притисок врз гласачите, државниот суд во 2013 година осуди две лица, еден условно, а другиот доби затворска казна во времетраење од половина година, која ја замени со парична. Станува збор за лица чија партија им обезбедила компензациски мандат во парламентот на Федерацијата.
Лидерите на партијата за истото кривично дело не се санкционирани.
Ново на Сител
-
Во Софија средба на историчката комисија - Се разговарало за евентуални заеднички чествувања и дискусии за учебници
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија