-->
-->
На Инстаграм се кријат над еден милион порно филмови и воопшто не е тешко да се дојде до нив
-->

На Инстаграм има повеќе од милион скриени порно филмови и покрај тоа што компанијата не дозволува голотија.
Корисниците на оваа друштвена мрежа нашле начин да ги избегнат модераторите во потрага за несоодветните содржини, со помош на арапски хаш тагови.
Ова прв го открил технолошкиот блогер Џед Исмаил, кој напишал хаш таг „филмови“ на арапски.
Се разбира за ова е информиран и Инстаграм, а откако реагирале многу филмови сега се објавуваат со други хаш тагови на арапски, и е тешко да се следат и блокираат.
- Инстаграм забрани прикажување на експлицитни хаш тагови на англиски, но изгледа корисниците нашле начин да ги заобиколат правилата користејќи тагови на други јазици, - напишал Исмаил.
Брзото пребарување на Инстаграм покажало дека до овие експлицитни содржини може многу лесно да се дојде, и може да се гледаат без никакви потреби за проверка на возраста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
