На инфективните оддели во земјава се лекуваат 766 пациенти со Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болни, а во Куманово 55 пациенти позитивни и суспектни на Ковид- 19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 53, во ковид – центарот во Гостивар 16, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 49 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 766 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори