На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово

Евидентна е фреквенцијата на возила на граничните премини Богородица и Табановце. Утрово и на снимките од видео-камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека колони возила чекаат на граничните премини.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека во периодот од 10 часот вчера до 10 утрово на ГП Богородица за влез во Република Северна Македонија вкупно се пријавиле 3.444 патници.
- За излез од Република Северна Македонија се пријавиле вкупно 12.394, а севкупен број на патници влез и излез е 15.838, граѓани, соопштија од МВР.
Во истиот период на ГП Табановце влегле вкупно 8.173, а излегле 10.049, вкупно 18.222 граѓани.
Граѓани за МИА велат дека на граничниот премин Табановце за излез од државата се чека најмалку половина час, но и нагласуваат дека сите ленти се во функција. На ГП Богородица пак, евидентно е зголемен метежот на возила за излез од земјава.
Метежите на граничните премини Табановце и Богородица се вообичаени за викендите и за празниците. Метеж се очекува и во недела, вечерта.
Ново на Сител
-

ОЈО поведе постапка против пет лица за злоупотреби со стоковите резерви
-

Приведен албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан
-

ФЗО: Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот при исплата на надомест за породилно отсуство
-

Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври
-

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува на 2 декември
-

Кривична пријава за Дехари
-

Идната недела ќе биде распишан нов тендер за изведувач на Универзална сала
-

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија
