На ГП „Табановце“ се чека околу еден час
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини утрово е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час.
Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
-

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен - најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби
-

Средба Муцунски - Минзату, тема унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските политики
-

Русија развива вакцина против ХИВ
-

Конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“
-

Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Повторно раст на цената на нафтата
