На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека половина час
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица времето на чекање за излез од државата е околу половина час.
Како што информира Автомото сојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино
-
Манчестер јунајтед планира да изгради нов стадион