На Газа итно и се потребни 6,5 милијарди долари за привремено сместување на Палестинците

По прекинот на огнените дејства во Газа, палестинските власти бараат милијарди долари хуманитарна помош, бидејќи итно им се потребни машини за расчистување на урнатините, шатори и кампови за сместување на стотиците илјади раселени жители по израелските напади.
Претставник на Палестинската управа изјави дека за итни потреби се неопходни 6,5 милијарди долари за привремени живеалишта за над два милиона луѓе во Газа, пред воопшто да започне процесот на долгорочна обнова на енклавата.
Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, минатата недела процени дека обновата може да трае 10-15 години. Во меѓувреме, жителите на Газа ќе мора да најдат каде да живеат.
Палестинската групација Хамас, која по прекинот на огнот повторно ја презема контрола врз Газа, тврди дека итно се потребни 200,000 шатори и 60,000 монтажни куќи.
Во египетскиот град Ел-Ариш, недалеку од граничниот премин Рафа, околу 1,000 камиони со помош – вклучувајќи храна, медицински материјали, монтажни куќи и шатори – чекаат дозвола за влез во Газа.
Два египетски извори изјавија дека тешка механизација за расчистување на урнатините е подготвена на границата и можно е да биде испратена веќе утре.
Претставник на Светската програма за храна, Антоан Ренар, изјави дека увозот на храна во Газа се зголемил два до три пати по примирјето, но сепак постојат пречки за испорака на медицинска опрема и засолништа, бидејќи Израел ги смета за можни „двојни намени“ – и цивилни и воени.
Повеќе од половина милион луѓе кои избегаа од северот на Газа се вратиле во своите домови, но таму ги пречекуваа урнатини и остатоци од нивните поранешни живеалишта.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
