На ГАК нова надеж за жените со стресна инконтиненција
Нова надеж за жените со стресна инконтиненција – Државната Универзитетска Клиника повторно ја воведува современа метода за трајно решение на вашиот проблем.
По подолг временски период, во Државната Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство повторно се воведува Tension-Free Vaginal Tape (TVT) – напредна, минимално инвазивна хируршка метода за третман на стресната уринарна инконтиненција.
Оваа интервенција претставува значителен чекор напред во грижата за женското здравје и овозможува ефикасно и трајно решение за овој чест, но често занемарен проблем.
По иницијатива на новото раководство на клиниката повторно е отпочната интервенцијата која ќе и го отстрани приоблемот на секоја една пациентка која се соочува со оваа проблематика, проблематика која значително го нарушува секојдневниот тек на живеење кај секоја жена.
Стресната уринарна инконтиненција е состојба при која доаѓа до неконтролирано испуштање урина при кашлање, кивање, смеење или физичка активност. Најчесто се јавува како последица на ослабена поддршка на уретрата поради породување, хормонални промени, стареење или хроничен притисок врз карличното дно.
Жените кои се соочуваат со стресна инконтиненција често чувствуваат непријатност, намалена самодоверба и страв од несакани ситуации во јавност. Ова може значително да го ограничи нивниот социјален живот, физичките активности, па дури и работните обврски. Многу жени прибегнуваат кон носење заштитни влошки или избегнуваат активности кои можат да го влошат проблемот, што значително влијае на квалитетот на нивниот живот.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш