На Филипини убиен еден од водачите на „Абу Сајаф“
Лидерот на вооружена група „Абу Сајаф“, кој директно учествувал во грабнувања и егзекуција на канадски и германски државјани, вчера загина во борби со војници на филипинската армија, соопшти денеска армијата, цитирана од британските медиуми.
Филипинските војници убија најмалку шестмина членови на групата „Абу Сајаф“, поврзана со Исламска држава. До престрелката дошло на популарниот туристички остров Бохол. Во борбите загинале и четворица војници.
Еден од убиените борци е Муамар Аскали, попознат како Абу Рами, поранешен порпарол на „Абу Сајаф“, група која често пати извршувала киднапирања заради барање откуп.
Групата минатата година ги обезглави канадските државјани Џон Ридсел и Роберт Хол. Таква беше и судбината на Германецот Јирген Кантнер, кој беше убиен во февруари затоа што не беше платен бараниот откуп од 600 000 долари.
Според армијата, Абу Рами сакал да киднапира туристи во Бохол за време на Страсната недела, но неговите планови биле осуетени.
Амбасадите на САД, Канада, Австралија и Велика Британија упатија предупредувања до своите државјани да не патуваат во Себу и Бохол во текот на велигденските празници заради опасноста од киднапирања.
Началникот на Генералштабот на филипинската армија, Едуардо Ано, изјави дека ситуацијата во Бохол е нормализирана, иако војската се уште трага по неколкумина борци на „Абу Сајаф“, кои учествувале во престрелката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари