-->
-->
На езерото „Младост“ се гради спортска патека за крапски риболов во Македонија
-->
Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со пратеникот во Собранието на Р. Македонија Илија Димовски, денеска направија увид на градежните работи на бреговите на езерото Младост, владин проект од 5 милиони и 800 илјади денари преку Управата за рурален развој.
Паралелно со средувањето на бреговите на езерото „Младост“ во тек е изградба на патека за спортски натпревари во крапски риболов,прва од ваков вид во Македонија. Проектот кој е според сите европски и светски стандарди се реализира во партнерство со Риболовната федерација на Македонија и со Спортските риболовни друштва од Велес: „Бабуна“ „Кркушка“ и „Металург“.
Нивни претставници денеска одржаа средба со градоначалникот Чадиев и пратеникот Димовски и се договараа за пооделни детали кои им се неопхдни за натпреварите.Спортските риболовци воедно најавија дека планираат во мај годинава да го одржат и првиот натпревар во крапски риболов.
Како што информира градоначалникот Славчо Чадиев, на езерото „Младост“ ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци и летниковци, а ќе се продолжи и патеката за рекреативно трчање покрај езерото „Младост“.
- Овие проекти се дел од низата активности што Општина Велес ги презема за подигнување на атрактивноста на езерото „Младост“ и создавањето услови за тоа да прерасне во вистински туристичко-рекреативен центар за домашните и странски туристи,потенцира Чадиев.
Воедно информира дека во прилог на овој проект ќе се изгради и мото-крос патека, за што веќе е изработен проектот, а утврдена е и локацијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче
-
Семејствата на починатите од „Пулс“ да се вклучат во кривичниот прогон
-
ИЈЗ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
-
Во Зрновци ќе се гради дом за стари лица со капацитет од 75 легла
-
Преглед на вестите од светот