На ДУТ слободни околу пет илјади места во академската 2016/2017 година
Државниот универзитетот во Тетово во академската 2016/2017 година, на сите факултети и студиски програми предвидува да запише околу 5000 нови студенти, информираше денеска на прес-конфренција проректорот за образование и наука Решат Ќахили.
Бројот, рече тој, се однесува на трите степени на студирање што ги нуди ДУТ - додипломски, магистерски и докторски студии. Ќахили најави и отворање на два нови факултети.
- Од годинава на матурантите на располагање им се Факултетот за земјоделство и биотехнологија во рамките на кој ќе функционираат студиските програми растително производство, животинско производство и агробизнис, како и Педагошкиот факултет со две студиски програми - одделенска настава и предучилишна насока, изјави Ќахили.
Тој ги објави и новите студиски програми и насоки во постојните факултети на ДУТ за наредната година, при што на Факултетот за природно-математички науки во рамките на студиската програма за информатика новитетети се информатика на бизнис и телекомуникаци и компјутерските технологии, на Филозофскиот факултет нова студиска програма е етнологија и антропологија, додека на Економскиот факултет покрај другите студиски насоки новите студенти имаат можност да се запишат на новата студиска насока меѓународен бизнис.
На Факултетот за уметности ДУТ ја нуди студиската програма за мода и дизајн, со студиските насоки моден дизајн, моден маркетинг и модно новинарство, а на Факултетот за физичка култура се отворени пет нови студиски насоки - физичка култура и здравство, спорт, физичка активност, рекреација и здравје, менаџмент на спортот и спортско новинарство.
Ќахили посочи дека новата академска понуда на ДУТ во текот на изминатите денови била претставена пред матурантите во сите средни училишта во Македонија, како и пред матурантите на средните училишта во градовите Прешево, Бујановац и Медвеѓе во соседна Србија. Активностите за промоција на академската понуда ДУТ ќе ги заокружи со Отворениот ден кој ќе се одржи на 28 април во главното седиште на Универзитетот во Тетово.
Ново на Сител
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија
-
Грејната сезона во Скопје започнува од 2 октомври поради ниските температури
-
До петок студено со дожд, а на планините снег
-
Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра
-
Турција со законски мерки ќе го поттикнува наталитетот