На Дрисла ќе биде уништен путерот за кој информираше Николовски
На депонијата Дрисла денеска ќе бидат уништени 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. Станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) како дел од 20 тонски увоз што го реализирала компанијата.
Како што соопшти директорот на АХВ, Николче Бабовски, контролите утврдиле дека „Евро Млекара“ манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, а путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање храна од животинско потекло.
Путерот бил увезен од Турција, а не од Германија. Во приложената документација, со двонеделните контроли е утврдено дека манипулации се правеле и со потеклото на овој производ и со излезните фактури. Се наведувало дека путерот е дистрибуиран кај добавувач во Струга иако всушност за наведените количини подоцна од раководните лица од млекарницата било потврдено дека не се дистрибуирани, туку се складирани во магацинот на млекарницата.
-Операторот „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје не е одобрен за солење путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер. Увезениот свеж путер, мора да се продава како свеж и не смее да се замрзнува по складови и ладилници на – 18 степени целзиусови. Контролите во комората за готов производ на млекарницата почнале на почетокот на месецов откако претходно била вратена од промет една канта солен путер од пет килограми. Со контролата биле пронајдени уште 17 канти од по пет килограми солен путер, сите без декларација. Донесено е решение со кое путерот е прогласен за небезбедна храна и на операторот му е наложено да ги уништи на јавна депонија, што е направено од нивна страна веднаш, објасни Бабовски.
Според него, од спроведената контрола на следливоста на путерот првично е утврдено дека станува збор за увоз од Република Германија, но од декларациите е констатирано дека има различни датуми на призводство и различни датуми на рок на траење за ист лот.
-Со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25, а не од по пет килограми. Поради ова, од страна на официланиот ветеринар е издадено решение за итно отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата и путерот да се врати во млекарницата. За сторениот прекршок на операторот му се се изрече глоба од 1.500 евра во денарска противвредност поради немање соодветна процедура за следливост. Висината на глобата е одмерена согласно Законот за прекршоците. На 11.03.2021 е утврдено дека доставената документација за увоз на путереот се разликува од првично доставената, односно дека путерот е увезен од Република Турција, а не од Германија, истакна директорот на АХВ.
Ново на Сител
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор
-
Прилепчанец возел со 1,80 промили алкохол во крвта и со активна забрана за управување возило
-
Приведен возач кој удри 87-годишен пешак во Скопје
-
Реафирмирани ставовите за деблокада на евроинтеграцискиот процес
-
Во Нови Сад протест на средношколци од Србија против онлајн настава
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на погребот на Папата Франциск