На девет години преживеала хорор: Тато ме силуваше додека мама лежеше мртва пијана на под
Децата жртви на семјното насилство кои се привремено сместени во домовите се најчеста мета за криумчарење кои се занимаваат со трговија со луѓе.
- Кога прв пат ова и се случило на Карина имала само девет години. Била гола и тогаш почнувала да се облекува во својата соба по бањањето. Вратата од нејзината соба се отворила. Бил тоа нејзиниот пијан татко кој упаднал внатре, ја турнал кон креветот, а потоа почнувал да ја допира и да и шепоти: „ако кажеш за ова на некој ќе те убијам“.
Карина не сфатила што и се случува, освен што била свесна дека тоа е нејзиниоттатко насилник кој повторно се напил. Кога се вратила нејзината мајка од болница каде заминала да прими антибиотици за туберколоза од која боледувала, го прашала нејзиниот сопруг зошто шлицот од неговите пантолони е откопчан, и зошто нивната ќерка е речиси гола и плаче во креветот. Пијаниот маж одговорил дека нема поима.
Карина денеска има 14 години и за Daily Beast раскажла како до денес и изгледал животот - исполнет со мачење, силување и тортури.
- Научив да чувам тајна, научив да молчам за татко ми кој ме силува. Секој пат кога ме силувапе беше пијан, а јас плачев и го молев да престане. И мојата мајка беше пијаница која ништо не слуша. Татко ми често до крв знаеше да ја претепа мајка ми пред моите очи и пред моите двајца браќа и сестри.
Полицијата и социјалните работници вакви приказни слушаат секојдневно во сите земји во светот. Тоа се приказни кои рефлектираат очајна состојба во друштвото кое е на ивицата до пропаста, во која семејното насилство е нормално, како и трговија со луѓето.
Ново на Сител
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование