На Деве Баир одземено злато во вредност од 9 милиони денари
Во текот на денешниот ден при вршење на детална царинска контрола на автобус пријавен за влез во државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 2.773 грама златен накит и еден автобус.
Околу 06:00 часот на ГП Деве Баир за влез во државата се пријавил автобус марка „Мерецедес 0403“ со македонски регистарски ознаки SK 4662 BB, управувано од лицето Т. Д. од Турција. При вршење на детална контрола од страна на царински службеници од Одделението за оперативни работи, над задните тркала од подвозјето во модифицирана фабричка шуплина, наменета за криумчарење на стока, биле пронајдени 20 најлонски кеси со златен накит со вкупна тежина од 2.773 грама, при што вкупната вредност на стоката и автобусот изнесува околу девет милиони денари или 146.341 евра.
Стокaта и автобусот се привремено задржани со Потврдa за привремено одземени предмети и заедно со лицето се предадени на Одделението за истраги за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари