На Деве Баир од полноќ во државата влегле над 200 патници
Фреквенцијата на патници кои влегуваат во државата преку граничниот премин со Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир, не е значително зголемена споредено со претходните денови, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир.
Оттаму посочија дека по воведувањето влез без ограничувања по однос на Ковид-19 во Република Македонија, нема значително поголема фреквенција патници, а од полноќ, до пладне, во државата влегле нешто повеќе од 200 лица.
Во Република Бугарија се уште е на сила уредбата за задолжителна изолација од 14 дена на сите државјани кои ќе влезат во државата, па најголем дел од патниците кои излегуваат од преку Деве Баир, се патници кои транзитираат преку Бугарија.
На Деве Баир најчесто влегуваат наши граѓани којшто доаѓаат од други Европски држави.
-Товарниот сообраќај е редовен, возачите на товарни возила немаа ограничувања за транспорт ниту за време на кризата и вонредната состојба, но разликата е што веќе не им се потребни посебни дозволи од државниот санитарен инспекторат, па олеснета им е работата. Инаку, како ПС за ГП и ГН, но и сите царински служби работат согласно сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, информираат од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, Деве Баир.
Редовна дезинфекција се врши и на целиот реон околу граничен премин Деве Баир, а истата ја врши Јавно претпријатие „Комуналец“, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно