Живот
1. October 2015 - 17:29

На денешен ден Александар Македонски го победи персискиот крал Дариј

331.п.н.е. - Во битката кај Гавгамела Александар Македонски го победи персискиот крал Дариј III.  Битка кај Гавгамела — вооружен судир во 331 п.н.е. помеѓу македонската војска предводена од Александар Македонски и персиската војска предводена од Дариј III крал на Ахаjменидска Персија. Во оваа битка Александар Македонски го поразил Дариј III со што практично започнал падот на дотогаш неприкосновената персиска империја. 

  • Македонци и грчки сојузници под водство на Александар со 7.250 коњица и 40.000 пешадија. (Според Аријан)
  • Персијци под водство на Дариј веројатно се 20.000 главно тешка коњица, 230.000 пешадија (вклучувајќи околу 10.000 грчки платеници). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многукратно побројни од непријателот.

1207.- Роден е англискиот крал Хенри III кој на престолот застана на деветгодишна возраст по загинувањето на неговиот татко Џон, наречен Џон Без Земја. Вистински почна да владее во 1234 година.

1684.- Умре францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Пишуваше и комедии, религиозни поеми и театарски летературно-теориски статии. Дела: трагедиите „Сид“, „Родогин“, „Никомед“, комедијата „Лажливец“.

1754.- Роден е рускиот цар Павле I Петрович Романов, наследник на Катарина Велика. По доаѓањето на власт во 1796 година во борбата против ширењето на идеите на Француската револуција Русија ја воведе во „Втората коалиција“ со Англичаните и Австријците против Французите. Разочаран од пасивноста на Англија, во 1800 година се смири со „првиот конзул“ на Франција, Наполеон Бонапарта и ги прекина дипломатските односи со Лондон. Со честото менување на чиновништвото против себе ги сврте офицерите кои во 1801 година го убија.  

1865.- Роден е фрнцускиот композитор и музички критичар Пол Дика, професор на Парискиот конзерваториум. Дела: „Аријадна и Синобрадиот“, „Пери“.

1891.- Во селото Смоквица е роден Ангел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела "Македонските Словени", "Илинденската епопеја" и "Политичките убиства во Бугарија", смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17 февруари 1952 година.

1904.- Во Киев е роден Владимир Хоровиц, руски пијанист, еден од најдобрите музичари во 20. век. Во 1944 година стана американски државјанин. Концерти приредуваше во Киев, во Берлин, во Лондон, во Њујорк и на други места. Умре во Њујорк, на 6 ноември 1989 година.

1914.- Турција како сојузник на Централните сили во Првата светска војна ги затвори Дарданелите за бродовите од земјите-членки на Антантата.

1918.- Предводени од англискиот полковник Томас Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, Арапите во Првата светска војна со помош на Британците го презедоа Дамаск од Турција.

1923.- Во Софија, умре Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Бше близок соработник на Гоце Делчев и на други македонски револуционери. Роден е во селото Ново Село, Штипско, во 1870 година.

1924.- Роден е американскиот државник Џејмс Ерл „Џими“ Картер, претседател на САД од 1977 до 1981 година.

1936.- Генералот Франциско Франко во Бургос, со чин генералисимус, е прогласен за шеф на државата и врховен командант на шпанската војска.

1938.- Германската армија, по Минхенскиот договор на Германија со Велика Британија и Франција, влезе во Чехословачка окупирајќи ја Судетска област.

1943.- На планината Буковиќ, Кичевско, околу 4.000 балисти, заедно со германските офицери и војници, извршија напад врз слободната територија во западна Македонија. Тука тие наидоа на жесток седумчасовен отпор од страна на Младинската партизанска чета, која имаше 39 борци, предводени од командирот Лазар Лазарески и комесарот Мирко Милески - Урош. Во оваа борба загинаа речиси сите борци на четата заедно со командирот Лазарески и комесарот Милески (подоцна прогласен за народен херој на Југославија, од Македонија).

1946.- Меѓународниот воен суд во Нирнберг по десетмесечен процес осуди на смрт со бесење 12 германски нацистички старешини поради сторени воени злосторства  во Втората светска војна, тројца на доживотна робија, а четворица на затворска казна од 10 до 20 години.

1949.- Во Пекинг е прогласено основањето на Народна Република Кина. За претседател е избран Мао Це Тунг, а за премиер и министер за надворешни работи Чу Ен Лај. - Национален празник на НР Кина.

1960.- Прогласена е независноста на најнаселената африканска земја Нигерија, која дотогаш беше британска колонија.

1979.- Зоната на Панамскиот канал по 70-годишна контрола на САД формално и е предадена на управување на Панама.

1982.- Водачот на десничарската Христијанско-демократска унија Хелмут Кол стана шестиот канцелар на Западна Германија, наследувајќи го социјалдемократот Хелмут Шмит.

1986.- Во Скопје умре Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Меѓу неговите дела познати се „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и други. Роден е во селото Рајчица, Дебарско, на 22 март 1938 година.

1989.- Данска дозволи склучување бракови на хомосексуалци. Со тоа Данска стана првата земја во која оваа можност е легализирана.

1995.- Велика Британија ги напушти традиционалните мерки за должина и тежина воспоставени во 1812 година. Милја, јард, фит, инч, галон, пинт, либро и унц се заменети со километар, метар, сантиметар, литар, килограм и грам.

1997.- Израел го ослободи водачот на палестинските исламски терористи и основач на терористичката организација „Хамас“ шеикот Ахмед Јасин и врз основа на договорот со Јордан го депортираше во јорданската престолнина Аман.  

2006.- Израел ги повлече и последните војници од Либан, исполнувајќи го со тоа клучното барање од договорот за прекин на огнот со кој заврши единаесетмесечната војна во Либан наспочена против герилците на Хезболах. Во јужен Либан се распоредени повеќе од 5.000 припадници на мировните сили на Обединетите нации (UNIFIL) и 10.000 либански војници.

2007.- Умре Ал Ертер, четирикратен олимписки шампион во фрлање диск. Етер кој златните олимписки медали ги освои во Мелбурн во 1956, во Рим 1960, Токио во 1964 и во Мексико Сити во 1968 година е единствениот кој заедно со Карл Луис успеа да победи на четири едноподруго Олимпијади. Тој беше единствен олимпиец кој при секое освојување на златото ги соборуваше олимписките рекорди. По завршувањето со атлетската кариера се посвети на апстракно сликарство.

2014.- Руската информативна агенција ИТАР-ТАСС почнува да го употребува своето ново име - „ТАСС“. Ова е кратката форма на името, а полното име ќе гласи: „Информативна агенција на Русија „ТАСС“ или „Russian news agency TASS“.Генералниот директор на медиумот Сергеј Михајлов изјави дека е донесена одлука за враќање на „историското име“ на агенцијата, кое, според него, е познато низ целиот свет. Михајлов подвлече дека „ТАСС“ ќе биде трговска марка, која нема да се дешифрира, односно „ТАСС“ не е скратеница на „Телеграфската агенција на Советскиот сојуз“.