На демонстрациите против пензиските реформи во Франција учествуваа 757.000 луѓе

Вкупно 757.000 луѓе демонстрираа денеска во Франција против пензиската реформа, според проценките на полицијата, додека синдикатот ЦГТ проценува дека речиси два милиони луѓе излегле на улиците.
Ова се трети демонстрации против пензиските реформи во Франција.
На денешните демонстрации во Париз, според француското МВР, имало 57.000, а според синдикатот 400.000 луѓе, исто како и на првиот ден од протестот на 19 јануари. Според властите и организаторите во многу градови во внатрешноста излегле многу помалку луѓе отколку на претходниот протест.
Третиот круг демонстрации против пензиските реформи се случи еден ден откако членовите на францускиот Парламент почнаа да расправаат за законот со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Овој предлог-закон е клучен акт, чие усвојување сака да го постигне францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговиот втор мандат.
Властите проценија дека минатата недела демонстрираа 1,27 милиони луѓе, што е повеќе од првите протести против пензиските реформи, одржани на 19 јануари низ целата земја.
За сабота се најавени нови демонстрации, на кои повикаа осум водечки француски синдикати.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
