На бројот за итни случаи во просек по 1425 повици дневно
Во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287.842 повици или во просек 1 425 повици дневно, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во месец февруари, како што велат од ЦУК, се примаа повици само од територијата на Скопје, и примени се 11 321 повици, а просекот беше околу 629 повици дневно.
-Од 01.03.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на државава. Во март примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно. Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно. Во мај примени се 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно. Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно. Во јули примени се 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно. Во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно, информираат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец
-
Изгласани интерпелациите на петте члена на Судскиот совет
-
Трамп: Царините за канадскиот челик и алуминиум ќе бидат 50 проценти
-
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-
22-годишник од Велес со бензин запалил паркирано „ауди“
-
Малолетник убил куче со огнено оружје во село Муртино