На Богородица за излез од државата се чека до 30 минути, на останатите гранични премини нема подолги задржувања

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека од 20 до 30 минути. На останатите гранични премини, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-Регионалниот пат Р-2332 Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони, информираат од АМСМ.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
