Македонија
22. July 2017 - 9:03

На Богородица и Дојран се чека од 30 минути до еден час

На граничните премини Богородица и Дојран утринава за излез од државата се чека од 30 минути до еден час.

Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на граничниот премин Богородица се чека еден час, додека на граничниот премин Дојран околу 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања. 

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.