Македонија
6. May 2025 - 13:40

На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ на подрачјето на Бит Пазар во Скопје починало едно машко лице, кое немало лични документи за идентификација информираа од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.