На бесплатна бања и викенд ќе одат 43 пензионери од дебарско

Правото на бесплатна бањско-климатска рекреација и туристички викенд, годинава ќе го користат 43 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.
- Од нив 37 пензионери го оствариле правото на бесплатна бањско климатска рекреација, а шестмина бесплатен туристички викенд. Правото на бесплатна бања ќе го користат во познатите по својата лековитост „Дебарски Бањи-Цапа“, додека бесплатниот викенд во некој од хотелите покрај брегот на Охридско и Преспанско Езеро, вели Бардул Баланца, референт во дебарската Деловна единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, која со својата актвност ја покрива и општина Центар Жупа.
Според Баланца, во периодот март- јуни пензионерите ќе одат на бања додека март-мај оние кои го оствариле правото на бесплатен туристички викенд.
Поволностите од овој владин проект досега ги искористиле над 360 пензионери од општините Дебар и Центар Жупа.
- Најголемиот број од нив или 340 биле на бесплатна бањско климатска рекреација, проект кој се спроведува од 2010 година, додека бесплатниот туристички викенд, како дел од владиниот проект, во изминатите две години, го искористиле 44 пензионери од двете општини и сите тие се многу задоволни од овој Владин проект,-посочува Баланца.
Во двете општини има над две илјади пензионери, од кои над 400 во општина Центар Жупа.
Ново на Сител
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
