На барање на рускиот претседател, Путин и Бајден разговараа за актуелни теми
Претседателите на САД и Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, на барање на рускиот лидер разговараа телефонски околу 50 минути. Ова беше втор разговор меѓу двајцата лидери за помалку од три седмици.
Путин повторно понуди мали индиции за неговите намери, изјавија официјалнo лицe по завршувањето на повикот, јави Си-Ен-Ен.
Наместо тоа, двајцата претседатели одржаа, според зборовите на американскиот официјален претставник „сериозна и суштинска“ дискусија, за време на која Бајден му претставил два патишта на Путин додека тој продолжува да собира руски војници на границата со Украина: едниот – дипломатски пат кон деескалација и еден со користење економски санкции, засилено присуство на американски војници на источното крило на НАТО и зголемена помош за Украина.
Кој пат ќе биде избран „ќе зависи од активностите на Русија во претстојниот период“, рече претставникот, велејќи дека ќе има „сериозна цена и последици“ доколку Русија продолжи со својата регионална агресија.
Путин, според Ушаков, одговорил со силно предупредување. Тој му рекол на Бајден дека воведувањето нова рунда санкции против Русија би претставувало „колосална грешка“ што може да доведе до целосен распад на односите меѓу двете земји.
Бајден, исто така, му рекол на Путин дека САД не планираат да распоредат офанзивно оружје во Украина, рече Ушаков. Путин „забележа дека ова е една од клучните точки вклучени во нацртот (за безбедносните гаранции што ги бара Русија)“, додаде Ушаков.
Околу 100.000 руски војници се распоредени долж украинската граница, и покрај предупредувањата од Бајден и европските лидери за сериозни последици доколку Путин се одлучи за инвазија. Американските официјални лица, исто така, велат дека Москва е вклучена во масовна кампања за дезинформации со цел да ја поткопа украинската влада пред националните избори во таа земја.
Разговорот меѓу Бајден и Путин доаѓа приближно две недели пред да се сретнат американските и руските дипломати во Женева за да разговараат за тековната криза. Пред тие дискусии, Русија јавно понуди листа на безбедносни грижи и барања што сака да се решат, вклучително и заложба дека на Украина никогаш нема да и биде дозволено да се приклучи на НАТО, а воена опрема од Алијансата нема да се поставува во нејзините поранешни советски држави.
Ново на Сител
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности