На аукција продаден ручек со Ворен Бафет за 3,4 милиони долари

Анонимен купувач се согласил да плати повеќе од 3,4 милиони долари за приватен ручек со американскиот милијардер Ворен Бафет, при што заработката од оваа аукција ќе биде донирана во хуманитарната фондација „Глајд“ за помош на бездомници.
Износот од 3.456.789 долари што е понуден за ручек со Бафет е изедначен со претходниот рекорд од 2012 година, кога исто така анонимен купувач понуди идентичен износ за да руча со милијардерот, а тоа воедно е и највредната работа која е продадена во хуманитарни цели на иБеј.
Аукцијата на иБеј во траење од една недела, чија цел беше собирање средства за фондацијата „Глајд“ од Сан Франциско, почна минатата недела и заврши доцна синоќа.
Бафет досега за фондацијата „Глајд“ собрал повеќе од 20 милиони долари, а тој почнал да нуди вечера со него на аукција откако неговата сопруга Сузи, која волонтирала во таа фондација, му ги објаснила нивните активности. Сузи Бафет почина во 2004 година, но соработката меѓу Ворен Бафет и фондацијата се одржува до денес.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
