На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
-

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-

Баба и внука нападнати во својот дом во Чаир од страна на четири лица
