-->
-->
На англискиот селектор му се заканува доживотна суспензија
-->

Сега веќе поранешниот англиски селектор Сем Алардајс, кој е една од клучните фигури во големиот скандал кој го тресе англискиот фудбал, би можел доживотно да биде исфрлен од фудбалот, изјавија од Фудбалската асоцијација на Англија (FA).
Извршниот директор на FA, Мартин Глен, рекол дека против Алардајс ќе биде поведена постапка, а во зависност од тоа што ќе отрие истрагата, казната за Алардајс може да биде парична, одредена суспензија или доживотна забрана.
Клучен доказ против Алардајс би требало да бидат транскриптите кои наредните денови ќе ги објави весникот Telegraph и кои ќе покажат кој од инволвираните во скандалот каква улога имал.
„Реално е Алардајс да биде казнет. Тоа не е моја работа, но доказите се јасни, а одлуката ќе биде донесена откако ќе биде спроведена истрагата“, рекол Глен.
Инаку, Telegraph,целиот свој материјал ќе го достави до полицијата.
Алардајс по само 67 дена се повлече од селекторската позиција, откако во јавноста излегоа сниките, на кои тој за надомест од 400.000 фунти, на навинарите за кои мислел дека се бизнисмени од Далечниот исток, им понудил помош како да ги заобиколат правилата на FA за трансфери и регистрација на фудбалери.
„Искрено, мислам дека фудбалски Алардајс беше добар избор, но тој нé изневери“, рекол Глен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
