На Американците им се скратува животниот век
Предозирањето со лекови резултира со значително скратување на животниот век кај Американците, и тоа се случува првпат по избувнувањето на епидемијата на ХИВ во раните 90-ти годино од минатиот век.
Имено, Американците изминативе пет години, просечно, изгубиле четири месеци од животниот век, се наведува во последниот извештај на Националниот центар за контрола и спречување на болести.
Опиоидите сѐ повеќе се користат и тоа се покажува како една од главните причини за овој пад. Податоците говорат дека токму опиоидите лани во САД биле причинител на смртта на околу 32.000 луѓе.
Очекуваниот животен век денес е 78,6 години. Тоа значи дека еден Американец роден 2017 година е очекува да живее до 78,6 година, скоро четири месеци помалку од оној роден пет години пред него. Тој параметар е поизразен кај мажите отколку кај жените, посочува извештајот.
До 60-тите очекуваниот животен век беше под 70 години.
Во таа смисла, САД сега се на 28. место во светот. Очекуваниот животен век денес во Јапонија, за споредба, е 84,2 години, и со тоа, Јапонците се први во оваа ранг-листа.
Ново на Сител
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат