На „Ало докторе“ досега 47.616 повици
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември минатата година кога почна да работи до вчера имало 47.616 повици.
Од Здравствен дом Скопје соопштија дека од 10 август до 16 август на линијата медицински совет побарале 1.105 лица.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата во последната седмица се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус пропратен со зголемена телесна температура и симптомна болка.
На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести, за симптоми поврзани со крвен притисок и за совети и препораки за топлото време.
Од Здравствен дом - Скопје информираа дека на сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Ново на Сител
-
Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико
-
Во Владата ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините
-
Државата троши нешто повеќе од 1 500 денари по глава на жител за правосудството
-
Трипл-дабл на Леброн Џејмс во победата на Лејкерс над Сакраменто
-
Пронајдена дрога во Битола
-
Светска програма за храна: Во светот 733 милиони луѓе се соочуваат со глад
-
Флик издвои еден играч по победата над Реал
-
Колективна оставка од Комисијата за помилување