На аеродромот во Тирана регистрирана рекордна бројка патници, до година во функција и аеродромот во Валона
Албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона.
– На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги надминаа очекувањата поставени на почетокот на годината и во секој поглед истата е рекордна, изјави Балуку.
Таа додаде дека прогнозите за бројот на патници на аеродромот до крајот на годината се 10,4 милиони патници и изрази уверување дека и оваа бројка ќе биде надмината.
– Предвидуваме дека годината ќе заврши со 69.000 летови, кои во текот на годината се рамномерно распоредени. Има зголемување и на бројот на нови дестинации кон Европа на 136, наспроти 109 колку што имаше во 2023 година, посочи министерката.
Таа најави дека следната година ќе биде пуштен во употреба новиот аеродром во приморскиот град Валона, со што Албанија ќе добие еден од најголемите аеродроми во регионот со писта од категорија Е, долга 3,2 километри.
– Очекуваме да имаме прекуокеански летови, кои ќе придонесат во зголемување на бројот на туристи кои доаѓаат од таму, посочи Балуку.
Ново на Сител
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП