На аеродромот во Атина откриени 500 килограми дрога Кат во вредност од 1,5 милиони евра
Половина тон од наркотична супстанца Кат (Khat) позната и како „природен кокаин“, бил откриен и запленет на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос, а се проценува дека вредноста на дрогата е околу 1,5 милиона евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
Кат се добива од растението Catha edulis што се одгледува во источна Африка и во јужниот дел на арапскиот полуостров.
Дрогата на атинскиот аеродром била скриена во четири пратки со стока декларирана како завеси, чаршафи и ткаенини, кои транзитирале од Израел со крајна дестинација САД, а како што соопштија од ААДЕ била откриена при проверките што ги спроведуваат инспекторите на Секторот за борба против шверц при царината на аеродромот во Атина.
Од ААДЕ посочија дека „станува збор за најголемото количество на конкретната дрога, откриено досега“.
Пред повеќе од десет години, односно на 4 декември 2014 година, исто така на атинскиот аеродром биле откриени 458 килограми, а последното запленување на Кат било во 2022 година, на истиот аеродром, кога биле откриени 34 килограми.
МИА
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана