-->
-->
На 16. „Синедејс“ почнуваат проекциите од натпреварувачката програма
-->

По синоќешното отворање на 16. Фестивал на европски филм „Синедејс“, денеска почнуваат проекциите на филмовите кои се во трка за награди.
Во кино „Фросина“ вечер ќе бидат прикажани два филма од Официјалната селекција - белгиско-холандската копродукција „Бодкин Рас“ по сценарио и режија на Кавех Модири - филм за животни приказни на жителите во едно шкотско гратче (од 19 часот), а потоа „Плоштад Америка“ - филм кој третира тема за мигрантите, копродукција меѓу Грција, Велика Британија и Германија, во режија на Јанис Сакаридис (од 21 часот).
Претходно, од 17 часот во кино „Фросина“ ќе биде прикажан и филмот „Фадо“ од програмата „Синедејс плус“ кој е германско-португалска копродукција.
Во кино „Милениум“ се два филма од гала-програмата: од 20 часот е „Субурбикон“ на Џорџ Клуни и од 22 часот - иранско-францускиот „24 кадри“ - експериментален проект на режисерот на Абас Киаростами и негов последен филм пред смртта во 2016 година. Филмот е колекција од 24 кратки 4,5-минутни филмови инспирирани од статични слики.
Од програмата Музички документраци во Џебното кино на МКЦ од 20 часот ќе биде прикажан белгискиот „Плукни и раздели“ во режија на Жером Вандерватин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде уништен
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
