Џет-Сет
14. July 2018 - 14:52

На 101 година почина Ненси, првата сопруга на Френк Синатра

Првата сопруга на Френка Синатра, Ненси, почина на 101 година старост, соопшти нејзиното семејство.

Ненси беше прва од четирите сопруги на Синатра, а со неа популарниот пејач имаше три деца - Френк јуниор, Тина и Ненси, која стана позната пејачка во 60-тите години од минатиот век.

По разводот во 1951 година, пејачот се ожени со филмската дива Ава Гарднер.