-->
-->
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-->

Најстариот член на царското семејство во Јапонија и сопруга на помладиот брат на царот Хирохито, Јурико Такаги, почина денеска во Токио. Таа имаше 101 година.
Јурико е родена во 1923 година во тамошно благородно семејство. На 18-годишна возраст, неколку месеци пред почетокот на Втората светска војна, се омажила за принцот Микаса – чичко на сегашниот цар Нарухито. Принцот Микаса Такахито почина во 2016, на 100-годишна возраст.
Официјално, причината за смртта на Јуруко не е објавена. Нејзиното здравје неодамна се влоши, а јапонските медиуми пишуваат дека принцезата починала од пневмонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
