Н1: Руски државен авион преку Бугарија слета во Белград
Рускиот авион Иљушин-Ил-96-300, на специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград преку Бугарија, иако таа земја официјално го затвори својот воздушен простор за руските авиони уште во февруари, јави Н1.
Според податоците објавени на веб-страницата flightradar24.com, авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9.30 часот. Во делот „авиокомпанија“ на оваа специјализирана страница што ги следи летовите низ светот стои „Rossiya – Special Flight Squadron“, што е ознака за руските државни авиони.
Нема информации за овој лет на веб-страницата на аеродромот Никола Тесла каде слета рускиот авион. Од друга страна, љубителите на авијацијата на Инстаграм објавија фотографии од овој авион на пистата на белградскиот аеродром, истакнува Н1.
Според податоците достапни на интернет, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.
Веб-страницата flightradar24.com покажува дека истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17 април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.
Ново на Сител
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
-

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи
