-->
-->
Фестивал за еко-храна во Крива Паланка
-->

На градскиот плоштад во Крива Паланка денеска се одржа манифестацијата „Кривопаланечка еко - храна 2015“, која е всушност досегашната „Паланечка Компиријада“ дополнета и збогатена со содржини.
На плоштадот беа поставени штандови со компир произведен во Осоговието, беа изложени слатки и солени специјалитети од компир изработени од вредните паланечки домаќинки и еко-храна од регионот.
- Годинашната манифестација ја збогативме со здрава храна приготвена на традиционален начин и на наше задоволство имаме масовен одзив од паланчани. Се претставија бројни угостители од Крива Паланка, пезионерките од градот, членките на клубот „Достоинствен живот“ при општинската организација Црвен Крст од Крива Паланка и останати учесници. Дечињата пак, од основните училишта и предучилишната установа „Детелинка“ приготвија интересни изработки со есенски мотиви од компир и есенски лисја-ијави Весна Чурчиќ-Величковска, иницијатор за основање на манифестацијата.
Организатор е општина Крива Паланка, која обезбеди награди за најумешните и најбрзите во лупење компир, за најтежок компир кој тежеше 1.200 грама, награден беше и сопственикот кој изложи цвекло со тежина од 1.400 грама, а се одржаа и забавни натпревари за помладите.
- Посетителите ги дегустираа разновидните јадења подготвени од компир, направени од вештите раце на домаќинките, слушнаа за благотворните дејства на компирот, неговото користење како лек и кулинарски трикови за приготвување јадења од компир, а манифестацијата уште еднаш покажа дека нашиот град има со што да се пофали и гордее на полето на здрава - еко храна, покрај компирот, додаде Чурчиќ-Величковска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
