Loading Video...
Кошарка
27. March 2022 - 17:05

МЗТ Скопје со пораз но како првопласиран го заврши регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата

Македонскиот шампион МЗТ Скопје А. со пораз  над Златибор 88-84 го завршија регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата, и со скор од 10 победи и 3 порази го освоија 1.место на табелата. 
 
Аеродромци сека ќе го исчекуваат исходот од вечерашниот меч меѓу Младост и Сутјеска по кој ќе се знае која екипа ќе заврши како осмо пласирана, а со тоа ќе биде противник на нашиот првак во четвртфиналето на завршниот турнир што ќе се игра  од 13 до 17 април во салата „Јане Сандански“, во Скопје, а на кој ќе учествуваат најдобрите осум тима од лигашкиот дел. 
 
Меѓунив ќе го нема вториот наш претставник во ова натпреварување Пелистер, кој со ефект од 4 победи и 9 порази завршат во долниот дел од табелата и ќе разигруваат во плеј-аутот за пласман од 11-тото до 14-тото место