-->
-->
МЗТ Скопје и следната сезона во АБА лигата, Карпош Соколи „извиси“
-->

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, ќе биде дел од АБА лигата и следната сезона без разлика на крајниот епилог во домашното првенство, откако на Собранието на регионалното натпреварување одржано во Загреб, беше договорено лигата да се „затвори“ и листата на учесници однапред да се одреди без разлика на пласманот во националните шампионати.
Челниците на клубовите решија да го намалат бројот на екипи од 14 на 12 со цел да се засили квалитетот како и поради проблемите со календарот со оглед на новиот систем квалификации за Мундобаскетот во Кина. Такиа во следната сезона сигурно ќе учествуваат по четири екипи од Србија, три од Хрватска, две од Црна Гора и по една од Словенија, БиХ и Македонија.
Со оглед на фактот што единствено Кошаркарската лига на Србија (КЛС) ја има признато АБА лигата, единствено кај нашиот северен сосед пласманот ќе биде репер по кој ќе се одредат тимовите кои ќе настапат во следната сезона.
Останатите екипи веќе се одредени, а тоа се Цедевита, Задар, Цибона, Будуќност, Морнар, Унион Олимпија, Игокеа и МЗТ Скопје Аеродром. Причина за ваквата одлука е фактот што ниту една од националните федерации не ја признава АБА лигата, а со цел да се заштитат интересите на тимовите кои важат како основачи на ова натпреварување.
На Собранието во Загреб е решено да се организира и „Суперкуп“ во Бар кон крајот на септември на кој ќе настапат домаќинот Морнар, четирите најдобри екипи од плејофот (Црвена Звезда, Партизан, Цедевита и Будуќност) како и една или три екипи (постојат варијанти со шест и со осум екипи) кои би добиле специјална покана.
Истовремено, решено е да се формира младинска АБА лига на која ќе настапат кошаркари до 19 годишна возраст, која би се играла според турнирски систем. Исто така, најавен е почеток на проектот за формирање Втора лига во која секоја од шесте земји би имала по двајца претставници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
-

Зголемени производството и продажбата на шумски сортименти во државните шуми
-

Врнежи од снег со послаб интензитет на Пониква, магла до 150 метри на Пресека
-

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“
