-->
-->
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло
-->
Со дуелот меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Куманово утре стартува 4 коло во МТЕЛ Првата македонска кошаркарска лига.
Дуелот во салата „Јане Сандански“ е со почеток во 17:30 часот и ќе се игра без присуство на навивачи поради казната која КФСМ му ја изрече на МЗТ Скопје за минатонеделните инциденти на градското дерби против Работнички.
Саботната програма вклучува уште три дуели меѓу Шкупи – Вардар, Гостивар – Пелистер и Кожув – Тиквеш.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела кога на програмата се пресметките меѓу Феникс – ТФТ и дербито Работнички – Чаир.
ТАБЕЛА: Чаир 2030 6, Пелистер 6, ТФТ 6, МЗТ Скопје Аеродром 5, Работнички 5, Гостивар 4, Кожув 4, Тиквеш Голден Игл 4, Феникс 2010 4, МКК Куманово 4, Вардар 3, Шкупи 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел