-->
-->
МЗТ Скопје и Карпош Соколи ќе играат во финалето
-->

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи ќе играат во финалето на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Двете екипи со максимални 3-0 во победи ги добија полуфиналните дуели против Куманово и Работнички.
Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром во третиот меч против Куманово кој се играше попладнево во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ забележа убедлива победа со 84:64.
Во салата „Градски парк“, екипата на Карпош Соколи беше подобра од Работнички со 76:65 и со конечни 3-0 во победи се избори за своето прво финале во плејофот.
Финалната серија ќе се игра во три добиени натпревари, наизменично дома-госити, а според календарот треба да започне во недела.
Сепак, потврда за првиот финален меч се очекува утре од канцеларијата на МКФ. Предноста на домашниот терен ќе ја има МЗТ Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
-

Кривична против градоначалниот на Струга, Ќура
