Кошарка
16. February 2023 - 17:40

МЗТ Скопје и екипата на Феникс се првите полуфиналисти во купот

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и екипата на Феникс се првите два тима што обезбедија пламсна во полуфиналето на 30-тото издание на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“. 
 
Аеродромци ја оправдаа улогата на фаворити во четвртфиналната пресметка славеа победа над гевгелиски Кожув. 
Победата МЗТ ја најави уште во првата четвртина која ја доби со 10 разлика, а на полувремето замина со +16 (49-33). Второто полувреме беше чиста рутина па МЗТ на крај славеше со 80-68. Кај победникот Дамјан Стојановски и Џастин Вер постигнаа по 19 поени. МЗТ Скопје сега ќе го чека последниот четвртфинален меч меѓу бранителот на трофејот ТФТ Моцарт и Работнички што ќе се игра во терминот од 19:30 часот, за да го добие противникот за удреното полуфинале. 
 
Далеку по неизвесен беше вториот четвртфинален дуел, во кој победникот беше решен во последните секунди, а поуспешна беше екипата на Феникс која го победи Гостивар со 72-70
Откако Виктор Исајловски на 28.секунди пред крајот реализира тројка за Гостиварци и водство од поен разлика (70-69), на спротивната страна најискусниот Бојан Трајковски се избори и реализира слободи фрлања, а со вкупно25 постигнати поени да му донесе победа на својот тим. Феникс во полуфиналето за противник ќе го има победникот од мечот Пелистер - Еуро Никел.. 

(ЧЕТВРТОК) ЧЕТВРТФИНАЛЕ - МАЖИ

12.00: МЗТ СКОПЈЕ А. –  КОЖУВ 80 – 68 
14.30: ГОСТИВАР –  ФЕНИКС  72 – 70 
17.00: ПЕЛИСТЕР –  ЕУРО НИКЕЛ    
19.30: РАБОТНИЧКИ –  ТФТ МОЦАРТ*

(ПЕТОК) ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
12.00: БАСКЕТ КАМ*  –  БАДЕЛ 
14.30: ВАРДАР –  МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 

    ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ

17.00:  МЗТ СКОПЈЕ А.–  Работнички / ТФТ Моцарт
19.30:  ФЕНИКС  –  Пелистер / Еуро Никел   

(САБОТА) ФИНАЛЕ

16.30: ЖЕНИ
19.30: МАЖИ