Loading Video...
Ракомет
27. February 2020 - 15:12

МЗТ Скопје домаќин на Динамик во дуел од АБА2 лигата

По репрезентативната пауза за евро-квалификациите, македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ги продолжува настапите во регионалната АБА2 лига. 
 
Во натпревар од 20.коло вечерва во „Јане Сандански“ МЗТ Скопје Аеродром го пречекува белградскиот тим Динамик Вип. 
 
Овој натпревар за македонскиот шампион доаѓа во незгоден момент имајќи в предвид дека петмината македонски кошаркари беа дел од репрезентацијата па подолг период тренерот Кочов неможеше да направи тренинг со комплетниот тим. 
 
„Нé очекува натпревар против талентиран и квалитетен противник, кого максимално го респектираме. ФИБА прозорецот дојде во лош момент за нашата екипа, бидејќи поради фактот што имавме петмина репрезентативци две недели трениравме само со странските кошаркари. Но, сигурен сум во максималното залагање на сите во тимот ќе и во фактот што ќе успееме во два дена да ги кренеме за овој натпревар. Пресметката со Динамик е исклучително значајна за нас, бидејќи со победа ќе направиме огромен исчекор кон плејофот, со што ќе ја оствариме примарната цел поставена пред почетокот на сезоната“, истакнува Ѓорѓи Кочов, тренер на МЗТ Скопје Аеродром.
 
На две кола до крајот МЗТ со скор 12 победи и 7 порази е на второто место на табелата, со победа повеќе од Широки, односно две од Сутјеска и Рогашка. 
 
Со победа, на две кола до крајот на лигашкиот дел МЗТ Скопје ќе биде многу блиску до потврда на пласман во разигрувањето, па затоа вечерашниот натпревар против Динамик кој ќе започне до 20 часот, е исклучително важен за македонскиот првак, а поддршката од трибините и тоа како добро ќе им дојде на кошаркарите на МЗТ Скопје.