МЗТ Скопје Аеродром се засили со Војдан Стојановски
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски му се приклучи на својот брат близнак Дамјан во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со актуелниот шампион до крајот на сезоната, со опција за продолжување на соработката.
– Од тандемот Дамјан и Војдан очекуваме да бидат движечка сила на патот кон одбрана на двојната круна на домашна сцена и атак на промоција во јадранската елита преку АБА2-лигата, соопшти вечерва клубот од Аеродром.
За Војдан Стојановски ова ќе биде враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, и настапите за Черкасеи мавпи, Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин.
Актуелниот првак објави дека Војдан Стојановски е целосно подготвен да даде максимум во новата средина, откако репрезентативецот целосно закрепнал од повредата на коленото поради која пропушти голем дел од оваа сезона.
Ново на Сител
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров