МЗШВ: Земјоделците од Тетовско да ги пријават штетите од поплавите
Од денеска до 16 јуни сите носители на земјоделски стопанства или организации на производители, односно од неевидентирани земјоделски стопанства, можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан кој што го зафати тетовскиот регион на 5 јуни, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на ова Министерство, а во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.
- Согласно одлуката на Владата на Република Македонија од 6 јуни, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за проценката на штетите формираше две комисии од подрачна единица Тетово. Тие веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства од тетовското село Порој, чии ниви беа погодени од невремето во понеделникот, односно од излевањето на водотекот наречен Порој, се вели во соопштението од МЗШВ.
Од теренскиот увид Комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.
Исплатата, како што информираат од Министерството, ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан