-->
-->
Метеор со зелен отсјај над Хрватска
-->
– Интересен астрономски настан се случи вчеравечер на небото над Хрватска, каде според Танјуг, паднал метеор којшто можел да се забележи од речиси сите делови на оваа земја. Бројни набљудувачи објавија дека станувало збор за доста светол објект на североисточниот хоризонт кој горел неколку секунди.
Хрватскиот астрономски сојуз објави видео од падот на метеорот и порака околу тоа.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека се очекува зголемена метеорска активност, бидејќи предвидената максимална активност на метеорскиот дожд Орионид е предвидена за раните утрински часови на 21 октомври“, соопшти Сојузот.
Според порталот „Далмација“, метеорот имал зеленкаст сјај, а забележани биле три посилни блесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
